Тајмаут
Роналдо се сликаше со заколнатиот непријател на Хасбул, „малиот“ не му остана должен
Хасбула Магомедов не е некој што сочувствува со Кристијано Роналдо, особено не сега кога Португалецот се сликаше со својот „заколнат непријател“ Абду Розик.
Абду Розик неодамна се пофали со фотографија во прегратките на Кристијано Роналдо, а Хасбул веднаш потоа го повика Португалецот, велејќи дека е попознат од него.
„Не треба многу да се грижам за Роналдо, но јас сум попознат од него. Единственото нешто што тој го прави во играта е да ја додава топката“, изјави Хасбула.
Познато е дека овој 19-годишник има ретко генетско пореметување, односно е со џуџест раст, а за кратко време стана вистинска интернет сензација.
Хасбула денес од социјалните мрежи заработува околу 100.000 евра месечно, а популарноста очигледно знае да ја искористи.
Многумина го сметаа за прилично симпатично и смешно неговото ривалство со Абду Розик, кој исто така го има истото генетско нарушување. Знаеја и физички да се пресметаат, но јасно беше дека се е „за камерите“.
Хасбула е пријател со Хабиб Нурмагомедов, но она што нема да му се допадне е фактот што поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија е во исклучително добри односи со напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Хабиб, за разлика од Хасбула, најубаво зборуваше за Португалецот.
“Тој наполни 37 години, но и понатаму игра одлично. Неговата енергија, искуство и советите кои ги дава значат многу за неговите соиграчи. Тој е одличен фудбалер”, изјави еднаш Хабиб.
View this post on Instagram