Фудбал
Роналдо, сепак признава, во Јувентус Маурицио Сари е „газда“
На Кристијано Роналдо одбро му оди во дресот на Португалија. Постигна гол за победа од 2:0 против Луксембург, со што обезбедија пласман на ЕП, каде се бранители на трофејот. Со ова Роналдо стигна до бројката од 100 погодоци во националниот дрес.
Сепак, во Јуве не му оди како што посакува. На 14 меча има само 4 голови. Беше заменет на последните два меча, во ЛШ и Серие А, поради што искажа револт.
Сепак, по мечот со Луксембург, запрашан од новинарите за таа ситуација, Роналдо индиректно призна, дека во Јувентус, сепак „газда“ е тренерот Маурицио Сари.
-Последните три недели сум ограничен. Сите знаат дека не сакам кога ќе ме заменат, но нема проблеми во мојата гестикулација по измената. Се обидов да помогнам на Јувентус играјќи повреден. Никој не сака да биде заменет, но разбирам зошто, не бев најдобар во тие два натпревари. Не бев 100 отсто подготвен, изјави Роналдо по победата над Луксембург од 2:0.
Роналдо најнапред беше заменет против Локомотив Москва, а потоа на ист начин неколу дена покасно во Торино против Милан.