Connect with us

Фудбал

Роналдо: „Сите доаѓаат да играат за Меси, кој е тој Дембеле?!“

Кристијано Роналдо наводно никогаш не слушнал за Осман Дембеле за чии услуги летово Барселона на Борусија Дортмунд  плати 150 милиони евра.

Дембеле во Барселона дојде како замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ, во моментот е повреден, а неговото враќање на терените во клубот го очекуваат за најмногу две недели.

Португалецот, како што тврди „Дијарио гол“, на соиграчите им рекол дека не е важно кој ќе дојде на местото на Нејмар.

„Сите тие доаѓаат да играат за Меси, така беше со Нејмар, така ќе биде и со новиот“, наводно им рекол Португалецот на соиграчите.

Изјавата на Кристијано Роналдо е малку чудна бидејќи тој минатата сезона играше против Дембеле кога Реал и Борусија се сретнаа во Лигата на шампионите.