Connect with us

Фудбал

Роналдо со повик за ситуацијата во Украина

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е уште еден човек во светот на спортот кој испрати пораки за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.

Португалецот ја искористи огромната популарност на Инстаграм, каде има над 400 милиони следбеници, за да повика на мир.

„ Треба да го направиме светот подобро место за нашите деца. Се молам за мир ширум светот “, напиша Кристијано Роналдо.