Connect with us

SPORTM.mk

Роналдо втор најлош изведувач на слободни удари во Серие А

Прецизните италијански фудбалски статистичари објавија податоци за минатата сезона кои сигурно нема да му се допаднат на Кристијано Роналдо. Имено, тој е вториот најлош изведувач на слободни удари.

Како што објавија дел од италијанските медиуми, Роналдо не успеал да ја погоди мрежата на противникот од 18 последователни обиди од слободен удар. А, доколку се додадат и оние во Лигата на шампионите, тогаш се стигнува до бројката 24 обиди без погодок. Според статистиката 15 пати Роналдо го погодил живиот ѕид, два пати го утнал целиот гол, додека во седум обиди голманите имале успешни интервенции.

Со 18 неуспешни обиди во низа во Серие А, полош од Роналдо на оваа листа е Камил Кјан  кој минатата сезона играше за Фросиноне, а не успеал да постигне гол од 21 последователен обид од слободен удар.

Но, во првата сезона во Серие А, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, но и на сите времиња, постигна 28 голови на 42 натпревари.