Фудбал
Роналдо, загрижен за својата иднина во Манчестер Јунајтед, ги разгледува своите опции
Агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш пристигна во Англија за да одржи вонредни разговори со суперѕвездата на Манчестер Јунајтед за неговата иднина на „Олд Трафорд“. 36-годишниот Роналдо има постигнато 14 гола на 21 натпревар откако се врати во својот втор период на „црвените ѓаволи“ во летото.
Се очекуваше тимот да се бори за титулата во Премиер лигата, но наместо тоа тие заостануваат 22 бода зад лидерот Манчестер Сити, губејќи шест натпревари во првата половина од кампањата и го замени Оле Гунар Солскјаер со Ралф Рангник до крајот на сезоната.
„Сан“ тврди дека Роналдо стравува дека неговиот сон да се врати дома на „Олд Трафорд“ може да заврши катастрофално. Мендеш, долгогодишниот агент на играчот, се верува дека неодамна пристигнал во земјата за да разговара со Кристијано и да разговара за неговата загриженост за маките на Јунајтед.
Се верува дека поранешниот играч на Реал Мадрид и Јувентус е разочаран од последните натпревари на тимот, а во исто време не е задоволен од стилот на игра кој сака да го наметне Ранкник.
„Кристијано е многу загрижен за тоа што се случува во Јунајтед. Тимот доби многу критики и тој знае дека е еден од лидерите. Има многу проблеми, Кристијано чувствува притисок и е многу под стрес од ситуацијата. Тој очајно сака неговото враќање во Јунајтед да биде успешно, но почнува да сфаќа дека освојувањето трофеи во сегашната ситуација може да биде вистинска борба. Хорхе дојде да го види и тие поминаа време разговарајќи за тоа како се одвиваат работите, што мислат дека се проблемите и како може да се решат. Ништо не е на одмет“, изјави извор близок до клубот пред „Сан“.
Cristiano Ronaldo holds crisis talks with agent amid Man Utd struggles https://t.co/5octazquhZ
— Sun Sport (@SunSport) January 8, 2022