Тајмаут
Роналдо жестоко возврати откако беше обвинет за силување
Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо неодамна беше ослободен од обвиненијата за силување поднесени од Кетрин Мајорга.
Американскиот суд ја отфрли и втората тужба на Мајорга против ѕвездата на Манчестер Јунајтед за настаните во Лас Вегас во 2009 година.
Мајорга побара од Роналдо отштета од повеќе милиони долари за наводното силување. ЦР од самиот почеток ги негираше обвинувањата, но сепак и плати отштета од 375.000 долари.

Тоа не и беше доволно. Таа реши да побара повеќе пари, ја тужеше планетарната ѕвезда, но на крајот судот пресуди во корист на Роналдо.
Кристијано реши да возврати по се што помина. Неговиот адвокат, Питер Кристијансен, побара од судијката Џенифер Дорси да донесе одлука според која адвокатот на Кетрин Мајорџ, Лесли Марк Стовал, ќе плати 626.000 долари отштета за губење на случајот.
Очигледно, тимот на Роналдо смета дека адвокатот Стовал е одговорен за тоа што неговиот клиент морал да се брани од грозоморни обвинувања, па сега бара отштета од над 600.000 долари.
Стовал досега не одговори на обвинувањата, но тоа ќе треба да го стори до 8 јули.