Connect with us

Фудбал

Рудигер незадоволен од понудата на Челзи

Уште една рунда преговори за продолжување на соработката меѓу премиерлигашот Челзи и дефанзивецот Антонио Рудигер завршија со разочарувачки епилог за германскиот репрезентативец, јавија британските медиуми.

Договорот на стоперот на Челзи му истекува на крајот на оваа сезона, а понудата на лондонскиот клуб е значително пониска од очекувањата на Рудигер, кој според медиумите, по состанокот со клупското раководство се чувствувал како да добил шлаканица в лице.

Челзи му нуди годишна плата од 8.34 милиони евра, а Рудигер бара 12 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама