Фудбал
Руни: „Должни бевме повторно да докажеме дека сме добри фудбалери“
Вејн Руни синоќа го реализираше својот прв хет-трик во последните шест сезони при победата на Евертон над Вест Хем со 4:0 во 14. Коло од Премиер лигата.
Многу сум радосен. Ова е доста тежок момент за клубот. Натпреварот беше важен, бидејќи новиот менаџер доаѓа наскоро. Ни требаше токму такво претставување, за да се искачиме нагоре на табелата. Бевме многу силни, особено во првото полувреме. Должни бевме повторно да докажеме дека сме добри фудбалери, изјави Руни за „Би Би Си“.
Евертон го назначи Сем Алардајс на функцијата менаџер, а привремено клубот го предводеше Дејвид Унсурт.