Поврзи се

Тајмаут

Русија може да се соочи со забрана за организирање меѓународни натпревари

Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти дека се разгледува можноста на Русија да и се забрани организирање меѓународни натпревари, бидејќи во земјата нема акредитирана антидопинг агенција.

Од ВАДА наведуваат дека руската РУСАДА не ги задоволува условите и ја изгубила акредитацијата по скандалите со допингот, а антидопинг тестирањата сега се спроведуваат со помош на британската УКАДА.

Предложените измени би стапиле во сила на 1 април и најверојатно нема стриктно да се спроведуваат до 2021 година, така што нема да има откажувања на веќе предвидените натпреварувања.

Во прилог на земјите, кои немаат акредитирани антидопинг агенции, оди и фактот дека спонзорите не сакаат да вложуваат во непрофитабилни спортови, па доколку постои ригорозна забрана од страна на ВАДА и Меѓународниот олимписки комитет дел од натпреварувањата нема воопшто да се одржуваат.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут