Поврзи се

Тајмаут

Русија не го признава извештајот на „Мекларен“ за вмешаноста во допинг скандалот

Претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК) Александар Жуков соопшти дека Русија нема да ги признае заклучоците од извештајот на комисијата „Мекларен“, назначена од Светската антидопингова агенција (ВАДА) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Извештајот доведе до исклучување на Русија од Олимпиското движење и забрана за учество на руски спортисти под знамето на олимпијадите во Рио де Жанеиро и во Пјонгчанг.

По завршувањето на Зимските олимписки игри минатиот месец, ИОК ги укина санкциите на Русија, а од ВАДА побараа официјално признавање на извештајот, за да ги обноват правата на Руската анти-допинг агенција (РУСАДА).

– Ги исполнивме сите препораки со исклучок на две. Нема да го признаеме овој извештај, бидејќи тој тврди дека употребата на допинг е системски и е финансиран од државата. Тоа не е точно, а вториот извештај на комисијата „Шмит“ наведува дека не постои таков систем, рече Жуков.

Втората препорака, која не е извршена од руска страна е давањето пристап до лабораторијата во Москва. Жуков објасни дека и тоа нема да се случи додека не заврши истрагата против поранешниот шеф на РУСАДА, Григориј Родченков. Во моментов тој се крие во САД, откако стана клучен сведок во делата против руски спортисти.

Пред два дена, претседателот на ВАДА, Сер Крег Риди, се прогласи против симнувањето на руската казна. Тој објасни дека претпочита да продолжи подолго, за да се разјасни и статусот на анти-допинг лабараторијата во Москва.

Русија разговарaла и за бојкот на Олимписките игри, но на крајот „здравиот разум е преовладал“, прецизира Жуков.

– Видовме во минатото што се случува по бојкот на Олимписките игри, практично една држава останува во изолација, а тоа не треба да се случува. Јас никогаш не сум го разговарал како опција и се радувам што не се случи, додаде претседателот на Рускиот олимписки комитет.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут