Ракомет
Русин нов член на Вардар, четврто засилување за „црвено црните“ за новата сезона
За новата сезона Вардар го засили тимот со интернационалецот Павел Андреев (194 см. / 96 кг.) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи. Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.
Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.
Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.
Андреев е четврто засилување за Вардар, по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.