Ракомет
Руска трагедија против Шпанија во Братислава
Ракометната репрезентација на Шпанија денеска во Братислава ја совлада Русија со резултат 26:25.
Русите одиграа одличен натпревар. Го имаа во раце актуелниот европски првак, предност од четири гола разлика на 14 минути до крајот, но не успеаја да победат, ниту да дојдат до бод во големата драма.
Првото полувреме носи изедначен ракомет на двете страни. И двете селекции имаа свој период на игра, максималната разлика беше плус два, а Шпанија на одмор замина со водство од 12:11.
Продолжението од мечот носи феноменална игра на Русија. Беа расположени, погодија се, а расположен за гол беше и Виктор Киреев.
Русија стигна до големите плус четири (22:18) во 46. минута, но потоа дојде до пад во играта и неколку големи грешки.
Секако, Шпанија го искористи тоа. Тие го доведоа натпреварот во рамноправна и неизвесна завршница.
Абело во 54. минута погодува за водство на Шпанија (25:24), а потоа Шпанците не успеваат да ги скршат Русите на кои им остануваат уште осум секунди за напад од кои не постигнуваат гол.
Судиите со видео анализа покажаа седмерец. Сорока ја презеде одговорноста, но ја погоди стативата и Шпанија дојде до победа на овој натпревар.
Касадо ги предводеше Шпанците со седум гола, а Санталов постигна шест кај Русија.
Одличен на голот на Русија беше Виктор Киреев со 14 одбрани.