Поврзи се со нас

Ракомет

САД по стапките на Чешка – нов европски учесник на Мундијалот!

Американците утрово обелоденија дека имаат дури 18 заразени ракометари, но се најавуваше дека се подготвени и со 12 играчи да отпатуваат на овој шампионат. Сепак, најновите тестирања очигледно донеле и нови позитивни случаи, бидејќи последните информации од американскиот табор се дека оваа селекција нема да биде дел од елитниот собир.

Интернационалната ракометна федерација вечерва официјално информираше дека САД испратиле барање за повлекување од настапот на СП во Египет и веќе е испратена покана до втората резерва, репрезентацијата на Швајцарија.

Светското првенство така ќе добие нов учесник од Европа, во името на Швајцарија, која ќе игра во групата заедно со Франција, Норвешка и Австрија.

Претходно од „резервите“ место на СП 2021 доби и Македонија, која влезе на местото на Чешка.

Facebook

loading...