Connect with us

Тајмаут

Салах одлучи да го прекине постот поради големото финале

Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, го прекина својот пост за да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Иако беше најавено дека Египќанецот ќе на теренот ќе излези по целодневниот пост, ова нема да се случи, а Салах вчера го прекина постот.

Значи денес и утре тој нема да ја исполни обврската на постот поради физичките напори што го чекаат, а тоа за шпанските медиуми го откри физиотерапевтот на Црвените, Рубен Понс.

“Тој имал намера да пости, но планот се променил во изминатите денови. Во четврток, петок сабота нема да пости, така да ќе биде целосно подготвен да го дочека финалето, а постот ќе го продолжи во неделата”, рече Понс.

Салах во финалниот дуел во Киев ќе биде главна закана за Реал Мадрид, кој ќе треба да најде начин да го спречи тоа, ако сакаат да подигнат нов трофеј од Лигата на шампионите.