Connect with us

Фудбал

Салах сака да го напушти Ливерпул

Напаѓачот на „Ливерпул“ Мохамед Салах сака да го напушти англискиот тим. Ова го тврди сајтот Footmercato.

Според изворот, египетскиот интернационалец е подготвен да се пресели во друг клуб следното лето, откако останува единствениот од познатото напаѓачко трио на Ливерпул од пред неколку години со Роберто Фирмино, кој најави заминување на крајот од актуелната сезона. и Садио Мане, кој од минатото лето игра за Баерн. Приоритет за Салах, доколку реши да го напушти англискиот клуб, ќе биде тим од шпанското првенство – најверојатно „Реал“.

Оваа сезона 30-годишниот напаѓач има 22 гола и 11 асистенции на 39 одиграни натпревари во црвениот дрес во сите натпреварувања.