Фудбал
Салцбург ги трие рацете, цената на Халанд вртоглаво расте
Ерлинг Халанд е најдобриот стрелец со 23 голови во изминатите пет месеци во сите лиги и во сите натпреварувања. Најдобар стрелец е и во досегашниот тек од Лигата на шампионите со 7 погодоци.
Австрискиот тим Салцбург ги трие рацете, а неговата цена вртоглаво расте. Само по настапите од Лигата на шампионите цената на Халанд од 15 скокна на 30 милиони евра. Манчестер Јунајтед, Јувентус, но и неколку други европски гиганти се заинтересирани за неговите услуги.
Халанд има 19-години и многумина предвидуваат дека во летниот преоден рок токму тој ќе постави рекорд кога се во прашање купувањето на фудбалерите до 20 години.