Фудбал
Само пофалби за Трајковски – „одличен фудбалер и личност“
Само убави зборови може да се слушнат за нашиот репрезентативец Александар Трајковски откако тој е последното засилување на Алборг во пресрет на сезоната 2021/22.
„Трајковски е навистина добар фудбалер кој е добар со топката, брз и добар во ситуации еден на еден. Надвор од теренот, тој исто така е навистина добра личност. Сигурен сум дека ќе дојде во Алборг за да го даде максимумот и без сомнеж ќе биде големо засилување во новата сезона“, вели асистентот Оскар Хилјемарк.
Трајковски и Хилјемарк добро се познаваат. Тие ја делеа соблекувалната во Палермо во периодот од 2015 до 2017 година. 28-годишниот напаѓач не беше во плановите на Мајорка. Поради тоа одлучи да продолжи да се докажува надвор од шпанска Примера.