Connect with us

Тајмаут

Само за храбрите: Рамос се одлучи за една од најболните тетоважи, а потоа го покажа резултатот

Серхио Рамос повторно е надвор од теренот поради повреда, а опоравувањето реши да го искористи за нови тетоважи.

Шпанскиот дефанзивец е познат по љубовта кон тетоважите, а поголемиот дел од неговото тело е покриено со тетоважи.

Сепак, има уште некои места кои Рамос ги остави за тетоважи, а почна да ги тетовира оние за кои се знае дека се најболни за тетовирање.

Така, дефанзивецот на ПСЖ вчера покажа дека е истетовиран, а сега реши дури и да си го истетовира вратот, за што одлучуваат само најхрабрите кои можат да ја издржат болката од тетовирањето на тоа место.

Покрај тетоважата на вратот, Рамос додаде и неколку тетоважи на градите, а сега има се помалку простор за некои нови тетоважи.