Фудбал
Сари: Инсиње е многу важен за нас
Тренерот на Наполи, Маурицио Сари искажа пофални зборови за Лоренцо Инсиње кој со своите игри во последно време е меѓу најдобрите во тимот и воопшто во цела Италија.
Инсиње многу напредуваше во последните 3 години. Погледнете што прави. Сега тој е фудбалер од светска класа. Можам да си дозволам да го сменам во последните 20 минути, но не и д аго изоставам од почетниот состав. Тој навистина е многу важен за нас, изјави Сари.
По 13 рунди во Серија А, Наполи е лидер со 35 бода, додека во Лигата на шампионите по синоќешната убедлива победа над Шахтјор се уште има шанси за пласман во осминафиналето.