Фудбал
Саудијците го прифатија објаснувањето на Роналдо, ќе му требаат 20 минути од животот за да ги „собере“ парите за казната
Дисциплинската и етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија го прифати објаснувањето на Кристијано Роналдо за неговото „неморално“ однесување и му ја намали суспензијата.
Роналдо се фати за меѓуножјето за време на натпреварот против Ал Шабаб откако противничките навивачи го испровоцираа скандирајќи го името на Лионел Меси и беше предмет на состанок на Дисциплинската и етичкиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.
Сакаа да му забранат на Роналдо на два натпревари, но му дадоа шанса на Португалецот да го објасни својот гест.
“Ги почитувам сите клубови. Гестот на радост изразува сила и победа и не е срамен. Навикнати сме во Европа”, изјави Роналдо и тоа е делумно објаснето.
Роналдо на крајот доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 30.000 саудиски ријали (7.372 евра).
Кристијано ќе го пропушти само денешниот натпревар против Ал-Хазем, додека ќе може да игра против Ал-Раед.