Фудбал
Саудиска Арабија подготвува понуда и за голманот на Шпанија
Саудиското проширување на трансфер пазарот во Европа изгледа дека нема да заврши наскоро. Друго име кое се поврзува со тим од азиска страна е тоа на голманот Унаи Симон , кој го бара Ал-Хилал. Тимот, кој веќе има обезбедено некои многу сериозни имиња како Калиду Кулибали, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Рубен Невес , сега планира да достави понуда во опсег од 45-50 милиони евра до Атлетик Билбао за својот чувар.
Претходно ова лето, Унаи Симон исто така беше поврзуван со Тотенхем , но лондончани претпочитаа да се свртат кон чуварот Гуљелмо Викарио . Симон беше прв избор на гол за репрезентацијата на Шпанија додека го предводеше Луис Енрике , а на последните два меча на „Ла Фуриа Роха “ повторно беше префериран пред Кепа Аризабалага.