Фудбал
Саудискиот клуб е подготвен да го собори светскиот рекорд, нудат луда сума за Салах
Саудиски Ал-Итихад не се откажува од трансферот на Мохамед Салах и е подготвен да му плати на Ливерпул дури 235 милиони евра за египетскиот напаѓач, објави „Атлетик“. 31-годишниот е под договор со англискиот гигант до следното лето, но се уште не е одлучен дали да го продолжи договорот и повторно се шпекулираа за негово заминување од „Енфилд“. Доколку случајно „црвените“ ја прифатат понудата на саудискиот клуб, тоа би бил најголемиот трансфер на сите времиња, надминувајќи го рекордот на Нејмар кој од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.
🚨 Al-Ittihad were ready to pay €235M to Liverpool for Mohamed Salah last summer! 🤯💰
The Saudi club still have not given up on the Egyptian. 👀
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/MEegwkaost
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 6, 2024
Ѕвездите Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо моментално играат за Ал-Итихад, а сигурно Салах би бил покрај најголемите ѕвезди кои ќе дојдат во Саудиска Арабија. Салах во досегашниот дел од сезоната во дресот на Ливерпул на 27 натпревари во сите натпреварувања постигна 18 гола и девет асистира. Египќанецот се пресели во Ливерпул од Рома во 2017 година за околу 52 милиони евра и неодамна го постигна својот 200-ти гол за Ливерпул во сите натпреварувања, со што стана петтиот играч во историјата на клубот што го постигнал тоа.