Connect with us

SPORTM.mk

Саул Нигез го напушта Атлетико

[ad_1]

Играчот од средниот ред на шпанската фудбалска репрезентација, 24-годишниот Саул Нигез е пред напуштање на Атлетико Мадрид по судирот со тренерот Диего Симеоне.

Шпанските медиуми наведуваат дека дошло до конфликт меѓу аргентинскиот стручњак и шпанскиот играч по што Саул Нигез ќе го напушти тимот од „Ванда Метрополитано“.

Саул Нигез во 2017 година потпиша нов договор до 2026 година со отштетна клаузула од 150 милиони евра. Меѓутоа, сега медиумите шпекулираат дека Атлетико би можел да го ослободи од обврските за 90 милиони евра.

Најголем интерес за Нигез досега покажаа двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, но и Ливерпул. Се споменува во медиумите и интересот на Барселона.

„Тој е идеален играч за Премиер лигата, тој е ‘бокс ту бокс’, како што милуваат да кажат Англичаните“, вели шпанскиот спортски новинар Жоакин Марото.

Саул Нигез веќе во два наврата беше на чекор до трансфер на Островот, и тоа во 2010 и во 2013 година.

„Тогаш имав 16 години и ме бараше Фулам. Мислев дека сум подготвен за Премеир лигата, но за среќа работата пропадна“, призна Нигез во разговорот за изданието Sportsmail.

Три години подоцна го снимил Манчестер Јунајтед, кога Атлетико го испрати на позајмица во Рајо Ваљекано. Меѓутоа, Атлетико брзо сфати за каков играч станува збор и го врати во своите редови.

[ad_2]

Извор: Netpress