Connect with us

Фудбал

Саутемптон го најде својот нов тренер

Менаџерот на второлигашот Свонси Расел Мартин ќе биде нов менаџер на Саутемптон, објавија британските медиуми.

37-годишниот Мартин ќе потпише договор на три сезони со опција за продолжување на уште една сезона.

Мартин е личен избор на новиот фудбалски директор на „светците“, Џејсон Вилкокс, кој е голем љубител на играта што Свонси ја прикажуваше во последните две сезони.

Поранешниот шкотски репрезентативец во својата тренерска кариера го водеше и тимот на Милтон Кејнс Донс.

Саутемптон претходно денеска објави дека привремениот менаџер Рубен Селеш нема да биде на чело следната година, откако не успеа да го спаси од испаѓање во Чемпионшип.