Фудбал
Се е готово: Меси го напушта ПСЖ
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси дефинитивно го напушта Пари Сен Жермен на крајот од сезоната, потврди тренерот на францускиот шампион, Кристоф Галтие.
ПСЖ во сабота против Клермон ја завршува сезоната во Лига 1, а Галтје изјави дека тоа ќе биде последен меч на Меси во дресот на овој клуб.
Ја имав честа да го тренирам Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња. Овој викенд Меси ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ“, изјави Галтие на денешната конференција.
Меси во ПСЖ пристигна пред две години од Барселона. За францускиот шампион одигра 74 натпревари и постигна 32 гола со 35 асистенции. Двапати ја освои титулата во Франција, но не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Наводно, Меси има три опции, а тоа се да се врати во Барселона, да се пресели во Интер од Мајами или да замине во Саудиска Арабија.