Connect with us

Кошарка

Се е во ред со Расел Вестбрук

Одлични вести пристигнаа од Оклахома, откако од тимот открија дека кошаркарот Расел Вестбрук нема долго да отсуствува од терените, иако се здоби со повреда на дуелот против Њу Орлеанс која во прв план изгледаше застрашувачка.

На средината на третата четвртина, Вестбрук незгодно доскокна на паркетот и го повреди зглобот на левата нога, поради што мораше да го напушти теренот. Иако прво се споменуваше отсуство од околу еден месец, информациите по направедните детални прегледи велат дека тој ќе се врати за десетина дена. По ренгенските прегледи, Оклахома соопшти дека зглобот не е скршен и Вестбрук наскоро се враќа на паркетот.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com