Connect with us

Ракомет

Се е зелено во Битола, се слави титула, фантастична атмосфера на последниот меч од сезоната (ВИДЕО+ФОТО)

Фантастична атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде Еурофарм Пелистер против Тиквеш го игра последниот меч од оваа сезона. Мечот е за престиж, но и можност Еурофарм Пелистер да ја прослави титулата со своите навивачи кои до последното место ја исполнија салата. Сите пред мечот добија шампионски маички, па салата е потполно зелена. Ракометарите на Тиквеш направија шпалир, а навивачите направија фантастична атмосфера.

Advertisement