Кошарка
Се финализира 4то коло во Еуролигата, Реал Мадрид и Олимпијакос ја делат прват позиција
Се финализира 4то коло во Еуролигата, Реал Мадрид и Олимпијакос ја делат прват позиција по синоќешните натпревари.
Серијата мечеви ја отвораат Анадолу Ефес и московска ЦСКА, а почетокот дуелот е закажан за 18 часот и 45 минути. Од 20 почнува соочувањето меѓу Бамберг и Басконија во 20:30 закажан е почетокот на средбата Панатинаикос и Фенербахче додека во 21 почнува шпанското дерби меѓу Валенсија и Уникаха.
Вчера Црвена Звезда го совлада Макаби со 87:84, Реал Мадрид беше убедлив на гостувањето во Каунас совладувајќи го Жалгирис со 87:66, Олимпијакос триумфираше над Химки со 92:75 додека Милано забележа победа од 78:74 во дуелот против Барселона.