Connect with us

Тајмаут

Се јави жената со која Роналдо има 17-годишен син: „Повторно сум невина, го чекам вистинскиот тип!“

Микеле Умезу (40) е поранешната љубов на легендарниот бразилски фудбалер Роналдо (46).

Бодибилдерот имаше кратка врска со Роналдо во 2004 година, а тоа им беше доволно за заедно да добијат син кој сега има 17 години и се вика Александар.

Умезу повторно е на насловните страници на таблоидите, речиси цел свет зборува за неа последниве два-три дена, но не поради нејзиниот познат партнер од минатото, туку поради бизарна причина: таа тврди дека е невина повторно!

Таа на почетокот на месецов извршила операција во пределот на гениталиите за да и ја врати невиноста. Причина? Сака да се омажи како девица!

“Секс само ако се омажам во црква. Сè уште не сум ја пронаѓла вистинската личност. Барам маж со истата цел и желба како и јас. Не се срамам да признаам, навистина го сакам тоа “, изјави Микеле.

И покрај тоа што имаа заеднички син, Умезу не се омажи со Роналдо. Напротив: само пет години по раѓањето на детето судот го призна како син на поранешниот напаѓач на Барселона и Реал Мадрид.

Роналдо во 2010 година објави дека направил вазектомија „за да ја затвори фабриката за бебиња“, како што самиот објасни. Поранешниот бразилски репрезентативец има четири деца со четири различни жени.

Секако, не е тешко да се претпостави дека жените лудувале по него кога бил на врвот на кариерата. Имаше богати договори, слава, убав изглед, па му беше тешко да одлета, а тој како и многу Јужноамериканци не остана имун на такви работи.

Кариерата на Роналдо, иако е одлична, беше уназадена со сериозни повреди на коленото, но сепак остави голема трага играјќи за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и бразилската репрезентација.

Кариерата ја заврши во 2011 година во Коринтијанс. Два пати го освои Светското првенство, во 1994 и 2002 година, а во 1998 година неговата репрезентација беше поразена во финалето од Франција.

Со Барселона ја освои Лигата на шампионите, а со Реал (2) и Коринтијанс има шампионски титули.

 

 

Facebook

Реклама