Фудбал
Се најавува летна распродажба во Милан!
Милан е на прагот да објави распродажба на играчи, која ќе следи во текот на летото, а ова го објавува „Газета дело спорт“.
Рафаел Леао е веќе подолго време на мета на ПСЖ, големо внимание привлекува и Тео Ернандез, се цени и голманот Мајк Манион, а би можеле да им се приклучат и Оливие Жиру и Симон Киер. Наводно сите овие би можеле да бидат продадени на лето. Неизвесно е дали Пиоли ќе остане тренер.
Така, додека „Газето дело спорт“ ја најавува распродажбата на Сан Сиро, некои имиња се во голема мера во игра како потенцијално засилување: Бенџамин Шешко од Лајпциг, Сантијаго Хименез од Феенорд, првата ѕвезда на Лил Џонатан Дејвид, Максенс Лакроа од Волфсбург, Тосин Адерабијо кој ги брани боите на Фулам…