Connect with us

Тајмаут

Се обидел да ја имитира прославата на гол на Роналдо, па завршил во болница (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо има една од највпечатливите прослави на голови која стана светски хит. Многумина често ја имитираат прославата на Роналдо додека играат фудбал со своите пријатели, извикувајќи „Сиууу“, но има и такви кои не знаат добро да го ископираат.

Имено, еден од фановите на Роналдо стана хит на социјалните мрежи поради обидот да ја ископира оваа прослава на голот.

Успеа да погоди од пенал и потоа почна да го имитира Роналдо, но поради проблемот со вишокот килограми едното колено „попушти“, па падна на теренот.

Неговите пријатели почнаа да се смеат, но беше јасно дека е посериозно повреден. Тој заврши во болница, а видеото кое се појави на социјалните мрежи стана вистински хит.