Connect with us

Фудбал

Се огласи и Интер: Заканувачкото писмо пристигнало кај нас, не кај Конте

Интер издаде соопштение за локалната новинска агенција „Анса“, во кое се вели дека заканувачкото писмо со куршум пристигнало во клубот, а не лично кај тренерот.

– Во врска со вестите објавени денес, Интер сака да соопшти дека Антонио Конте не добил никакви заканувачки писма и, како последица на тоа, не отишол лично да подаде жалба. Клубот го доби писмото и, како што е случајот во слични ситуации, контактираше со надлежните органи. Започната е истрага за случајот, додека Конте има полициски надзор пред неговиот дом и на теренот за тренинзи на Интер“, јави „Газета Дело Спорт“.

Во меѓувреме, сопругата на Конте, Елизабета Мусарело, на социјалните мрежи го напиша следново: „Во интерес на вистината: Приказната за куршумите е лага“.

Претходно италијанските медиуми објавија дека Конте добил заканувачко писмо со куршум и дека му е доделена полициска заштита.