Фудбал
Се огласи легендарниот напаѓач „деветката“ на Милан не е проколната
Филипо „Пипо“ Инзаги имаше долга и богата кариера, а важеше за играч роден под среќна ѕвезда. Во Милан играше од 2001. до 2012-та година.
Таму го носеше дресот со број 9, кој не сакаше да го препушти ниту на Роналдо, оној Бразилецот. Постои приказна дека тој број е „проколнат“ бидејќи од 2012-та година неговите сопственици немале многу среќа.
Се зборуваше дека целата среќа ја потрошил Инзаги.
-Тие приказни секогаш изнудуваат насмевки. Да го носиш дресот со бројот нула е предизвик за секој, нема тука никаква клетва. Да го носеше дресот со број 9 Ибрахимовиќ никој немаше да зборува за некакво проклетство. Тоа е број кој го носеле Марко ван Бастен и Жорж Веа. Не е фер да се повлече поради мене. Тој број мора да постигне уште многу голови, вели Инзаги.
Тој во моментов е тренер на Беневенто, тим во Серие Б кој ита кон Серие А, бидејќи има 20 бодови предност во однос на второпласираниот Кротоне.