Connect with us

Ракомет

Се огласи селекторот на ракометната репрезентација на Македонија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез не беше расположен по убедливиот пораз од Хрватска во третото коло од Светското првенство со 31-22. Шпанецот изјави дека Хрватите одиграле одличен натпревар, а го пофали и голманот Шего, кој на крајот заврши со 12 одбрани.

-Честитки за Хрватска, одигра одличен меч и во одбраната и во нападот. Знаевме дека е многу тешко да се игра против Хрватска и затоа почнавме со „7-6“. Во одбраната со зоната 5-1 за момент им создадовме проблеми, но кога почнаа да играат „7-6“ влегоа во ритам. Шего денеска беше перфектен, одбрани се што му шутнавме од 6 метри. Важно дадовме се од себе. Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза, изјави Раул по мечот.

Македонија во среда од 20,30 часот игра против Шпанија, а во четврток од 18 часот следи клучниот дуел со Исланд за пласман во следната фаза.