Connect with us

Ракомет

Се огласи Талески откако полицаец го удри со пендрак: Без никаква причина ме удри во глава, размислувам за тужба! (ВИДЕО)

Ракометарот на Вардар, Талески има и медициснки извештај за повредата која му ја нанел полицаецот откако го удрил со пендрак на мечот во финалето на Купот против Еурофарм Пелистер. За Канал 5 вели дека за среќа нема посериозни повреди и дека ударот со кој се здобил бил во лице.

По инцидентот Талески бил повикан на распит во полициска станица, а во консултација со адвокат вели дека размислува и да поднесе тужба против полицискиот службеник.

Advertisement