Ракомет
Се повторува ли мечот против Холандија и Норвешка, Македонија на полувреме губи со 7 голови од Аргентина
Последна битка за пласман во следната фаза, потребна е победа против Аргентина, но како стојат работите Македонија се чини дека ќе го забележи и третиот пораз. Слично како и на мечевите со Холандија и Норвешка, на моменти добри, а потоа следува длабок пад во играта, грешки во нападот, статична одбрана. Македонија на полувреме од Аргентина губи со 18:11 или седум голови разлика, а ако продолжат вака да играат, ова е речиси невозможно да се стигне, ако се знае дека поради подобрата гол разлика на Аргентина и одговара и реми за следна рунда. Во првиот дел во македонскиот табор Талески постигна 3 голови, Кузмановски и Манасков по два. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Георгиевски, Ѓоргиев, Пешевски и Петров.