Connect with us

Други спортови

Се предвидува дека Германија и Норвешка ќе освојат најмногу медали на ЗОИ

„Gracenote“ ги објави своите предвидувања околу освојувачите на медали на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг 2018 година.

Прогнозата е направена врз основа на резултатите на спортистите во последниве години, вклучувајќи ја и Олимпијадата во Сочи 2014 година.

Се предвидува дека прва на табелата на освојувачи на медали ќе биде Германија со 35 медали, Норвешка би требало да ја заземе втората позиција со 32, додека според оваа прогноза САД ќе бидат трети со 29 одличја.

Најмногу медали на Игрите во Јужна Кореја, според „Gracenote“ ќе отидат кај биатлонката од Германија Лаура Далмајер – 5 златни и 1 сребрена. Следуваат Мартен Фуркад (Франција) биатлон – 4 златни и 1 сребрен медал и норвешкиот скијач Мартин Јансурд со 3 златни и 1 сребрена медала.