Кошарка
Се проширува Евролига
Наместо досегашните 16, од сезоната 2019/20 најквалитетното кошаркарско клупско натпреварување во Европа ќе има 18 екипи. Ваква одлука донесе Бордот на Лигата на состанокот во Тел Авив, Израел.
Покрај одлуката за проширување, раководството на Евролига му одобри и двегодишна лиценца на францускиот Асвел. Клубот кој е во сопственост на Тони Паркер ги исполнил критериумите кои беа поставени.
Претходно и Баерн Минхен кој сега се натпреварува како германски шампион доби лиценца за две години. Во моментов лиценци имаат Анадолу Ефес, Фенербахче, Панатинаикос, Басконија, Макаби ТА, Реал (М), Армани Милано, Жалгирис, Барселона и Олимпијакос.