Connect with us

Фудбал

Се тресе Камп Ноу: Барселона донесе ѕвезда од Манчестер Сити

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, стана нов член на Барселона.

Оваа информација ја пренесе „трансфер гуруто“ Фабрицио Романо, преку Твитер.

Гундоган потпиша двегодишен договор, во Каталонија ќе остане до јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една година.

Овој германски репрезентативец е во Манчестер Сити од 2016 година до летово кога се шпекулираше каде би можел да ја продолжи кариерата.

Сега се е јасно и Барса има големо засилување во форма на 32-годишен шампион кој доаѓа со големи почести меѓу „граѓаните“.