Фудбал
Се „тресе“ клупата на Солскjер, Алегри со ултиматум до Јунајтед
Англиските медиуми објавија дека Оле Гунар Солскјер е пред отказ во Манчестер Јунајтед поради лошите резултати. Последната шанса за него е мечот со Ливерпул кој се игра на 20-ти овој месец.
Неговиот наследник би требало да биде довчерашниот тренер на Јувентус Масимилиано Алегри, кој наводно му дал ултиматум на Јунајтед. Според информациите, Алегри би го прекинал одморот и би ја преземал клупата на „Црвените ѓаволи“ уште веднаш, додека може да се спаси сезоната, а не во декември кога според него може да биде доцна.
Втората мета на Јунајтед, доколку Солскјер „преживее“ уште некој месец е Јулијан Нагелсман, тренер на РБ Лајпциг.