Connect with us

SPORTM.mk

Се уште не е полнолетен, а вреди милиони, Барса за Фати постави неверојатна клаузула

Со 17 години и 311 денови, Ансу Фати пред неколку дена стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската фудбалска репрезентација. Неговите игри во репрезентацијата, но и пред се во каталонскиот тим го вклучија „алармот“ во Барселона за да го „врзат“ супер талентот. Иако се уште не е полнолетен, сепак вреди милиони.

Барселона одлучи да вметне откупна клаузула од 400 милиони евра. Оваа сума ќе мора да ја плати клубот кој ќе посака да го купи младиот Ансу Фати.

Неговиот агент воедно почна преговори со Каталонците за нов договор и подобрување на финансиските услови.