Connect with us

Ракомет

Се уште се чека резултатот од судска медицина за ракометарот Денис Тот

Министерот за здравство Беким Сали денеска, по новинарско прашање, истакна дека се уште се чека резултатот од судска медицина за ракометарот Денис Тот.

„Се уште го чекаме резултатот од обдукцијата“, вели Сали.

Пред неколку дена, министерот во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека по комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија.

„Потоа ќе дадам дефинитивна изјава. Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава“, вели Сали.