Connect with us

Тајмаут

Се влошува состојбата на Марадона – втора операција за една недела

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона по втор пат оваа недела бил опериран откако неговата здравствена состојба не се подобри поради внатрешното крварење во стомакот.

Поради компликациите кои настанале со првата операција, некогашниот светски фудбалер бил итно префрлен во болницата во Буенос Аирес. Операцијата траела еден час, а Марадона пред да биде пуштен на домашно лекување ќе биде задржан на интензивна нега.

Марадона во својата богата фудбалска кариера има настапувано за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, а сега е активен тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com