Connect with us

Фудбал

Се враќа „убавицата“ на фудбалот, на кој му гори под нозете?

Лигата на шампионите, или како што многумина ја нарекуваат „убавицата“ на фудбалот, бидејќи на едно место е елитата, по пауза од две недели се враќа на програмата. Вечерва нема некои изразени дерби натпревари, барем доколку се цени според имињата на клубовите, но секако тоа не значи дека нема да биде интересно на фудбалските терени ширум европа. Веројатно постарите љубители на фудбалот од Македонија ќе ги привлечат дуелите Црвена Звезда-Олимпијакос и Манчестер Сити-Динамо Загреб, од разбирливи причини.

Но, помладите генерации сигурно ќе ги чекаат натпреварите на Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ…

Сепак, според важноста натпреварот и звучноста на имињата на тимовите, најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу минатогодишниот финалист Тотенхем и петкратниот освојувач на Лигата на шампионите Баерн Минхен.

Токму Маурисио Покетино е тренерот на кој може да се каже дека му „гори под нозете“.  Тотенхем не е истиот од минатата сезона, и веројатно го има најлошиот старт откако Покенито е тренер. Во воведниот натпревар од Лигата на шампионите на гостувањето кај Олимпијакос одигра 2:2, иако имаше водство од 2:0. Во Премиер лигата од седум кола забележа само три победи, два порази и две нерешени средби.

Медиумите во Англија веќе почнаа да бараат наследник на Покетино, но веројатно заради она што го постигна во изминатите неколку сезони и евентуален пораз од Баерн Минхен нема да значи разделба. Но, од друга страна, евентуален триумф против германскиот тим може и да значи пресвртница во резултатска смисла во продолжението од сезоната, пред се од психолошки аспект за популарните „Петли“.

Во својата историја само еднаш овие две екипи одиграле меѓусебен натпревар и тоа оној во јули месец оваа година во рамките на „Ауди Куп“ кога по 2:2 во регуларните 90 минути, Тотенхем славеше на пенали и со тоа го освои пехарот на овој турнир од пријателски карактер.

Оваа средба е во рамките на Група Б, каде уште се среќаваат Црвена Звезда и Олимпијакос.

Форма на Тотенхем последни 5 меча:

ПЛ – Тотенхем – Кристал Палас 4:0

ЛШ – Олимпијакос – Тотенхем 2:2

ПЛ – Лестер – Тотенхем 2:1

ЛК – Колчестер – Тотенхем 0:0 (4:3 на пенали)

ПЛ – Тотенхем – Саутемптон 2:1

Форма на Баерн Минхен последни 5 меча:

БЛ – Баерн Минхен – Мајнц 6:1

БЛ – Лајпциг – Баерн Минхен 1:1

ЛШ – Баерн Минхен – Црвена Звезда 3:0

БЛ – Баерн Минхен – Келн 4:0

БЛ – Падерборн – Баерн Минхен 2:3

Лига на шампиони 2.коло, Група А, Б, Ц и Д

Група А.

Галатасарај – ПСЖ

Реал М. – Клуб Бриж

Табела: ПСЖ 3, Клуб Бриж 1, Галатасарај 1, Реал Мадри 0.

Група Б.

Тотенхем – Баерн М.

Црвена Звезда – Олимпијакос

Табела: Баерн M. 3, Тотенхем 1, Олимпијакос 1, Црвена Звезда 1.

Група Ц

Манчестер Сити – Динамо Загреб

Аталанта – Шахтјор

Табела: Динамо Загреб 3, Манчестер Сити 3, Шахтјор 0, Аталанта 0.

Група Д

Јувентус – Баер Леверкузен

Локомотив М. – Атлетико Мадрид

Табела: Локомотив М. 3, Јувентус 1, Атлетико Мадрид 1, Баер Леверкузен 0.