Другите пишуваат...
Сè застанува во Кина: Светскиот шампионат во атлетика откажан поради корона вирусот
Големи промени во атлетиката – одложено Светското првенство во затворен простор!
Натпреварот, кој требаше да се одржи во кинескиот град Нанџинг, е одложена за една година, пренесува британски BBC.
Првенството требаше да се одржи од 13 март до 15 март 2020 година, но беше одложено до следната година поради стравувањата од појава на коронавирус.
Светската атлетска федерација ги отфрли понудите од домаќинства во други градови и побара совет од Светската здравствена организација.
„Нашиот медицински тим, кој е во контакт со Светската здравствена организација, е на мислење дека ширењето на вирусот во Кина, како и во странство, сè уште е големо и неговиот совет е дека најдобро би било да се одложи натпреварот“, се вели во соопштението за печат.
Како што се наведува, беше решено да се избере нов датум во 2021 година во соработка со спортистите и партнерите.
На последното првенство во затворено во Бирмингем 2018, Ивана Спановиќ од Србија го освои златниот медал во скок во далечина, но ќе мора да почека за одбраната на најсветлиот медал …