Connect with us

Кошарка

Се зголеми конкуренцијата за потписот на Ентони Дејвис

Се почести се шпекулациите дека кошаркарот Ентони Дејвис ќе го напушти тимот на Њу Орлеанс кон крајот на годината. Прв кој сакаше да го донесе во своите редови беше Лос Анџелес Лејкерс од каде што истакнаа дека би му бил одлична поддршка на веќе разиграниот Леброн Џејмс, кој ова лето пристигна кај „езерџиите“ од тимот на Кливленд.

Но, овој пат во трката за неговиот потпис се вклучија и тимовите на Хјустон и Бостон. Според американскиот „ЕСПН”, кој важи за веродостоен медиум кога во прашање се информациите поврзани со најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, најтрофејниот тим, Бостон, ќе се обиде за кус период да ги осигури услугите на Дејвис низ трејд. Оваа информација ја потврди и познатиот новинар Адријан Војнаровски.

  • Бостон со години се обидува да го договори Дејвис. Очекувањата да се случи такво нешто сега се големи, само останува да се види дали тоа ќе биде сезонава или пред почетокот на наредната. Дени Аинџ (човек кој се грижи за трејдовите во клубот) има многу млади играчи кои може да ги искористи за да го донесе Дејвис. Меѓутоа, тука се и Лејкерс, кои се подготвени да се откажат од младите кошаркари во тимот за потписот на Ентони, истакна Војнаровски.

Дејвис сезонава игра одлично во дресот на „пеликаните”, каде во просек бележи по 28 поени и 12 скокови по натпревар.

Резултати: Шарлот – Кливленд – 110:99, Орландо – Сан Антонио 90:120, Филаделфија – Њујорк 131:109, Бостон – Феникс 103:111, Торонто – Индијана 99:96, Чикаго – Бруклин 93:96, Хјустон – Вашингтон 136:118, Милвоки – Њу Орлеанс 123:115, Минесота – Денвер 123:129 (по прод.), Јута – Голден стејт 108:103, Портланд – Мемфис 99:92, Сакраменто – Оклахома 113:132.