Connect with us

Ракомет

Седум недели борба – објавен календарот во Суперлигата

Ракометната Федерација на Македонија го објави распоредот за натпревари во Супер лигата на мажи за сезоната 2020/2021. Според тоа, следуваат седум недели тешка борба на теренот. Во продолжение календарот.

14-те учеснички во регуларниот дел од Супер лигата се поделени во две групи (А и Б) со по седум екипи. Првите три на табелата од двете групи обезбедуваат пласман во плејофот, додека преостанатите осум екипи ќе се борат за опстанок во македонската ракометна елита.