Connect with us

Ракомет

Сега пак Столе бил слабост на Темелковски

Директорот на Македонската Кошаркарска Федерација, Владимир Темелковски ја разбрани спортската јавност со кометарот кој го остави на својот Фејсбук профил, а беше наменет за капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов, кој замина од манифестацијата „Спортист на годината“ на Агенцијата за млади и спорт, откако слушна како добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.

– Во спортот нема место за политика, расна и полова дискриминација или национализам, но очигледно некои спортисти го заборавиле најважното и светото спортско мото дека во спортот нема раса, религија или националност. Во спортот сите се еднакви, а победуваат најупорните и најпосветените, а за оние кои предвремено се откажуваат и презентираат омраза и нетолеранција, не им е место во спортот. Срамен и низок чин денеска од поранешен добитник на најсветата награда Спортист на годината и огромна навреда за сите присутни спортисти и добитници. Нека му е на чест наградата која што му ја поклони АМС минатата година, за која што гласаа и Македонци и Албанци и Роми и Власи и нека ја чува гордоста за на теренот. Со вакви ситни интриги и манипулации ќе собере само поени и внимание на кратки пратеки, напиша Темелковски на својот профил.

Сепак, следниот ден Темелковски се обиде да ја спушти топката со нов пост во кој напиша дека ракометот и Столе се негова слабост.

– Вчерашниот мој пост е мој личен став, а не став на Мкф или на партија. Ракометарите и Столе се моја слабост и пасија и се радував и ќе се радувам на секој нивен успех и тоа никогаш нема да се промени. Она што ми пречеше е фактот што спортот и спортистите мора да се над политиката и национализмот и за неа не треба да има место во спортот. Сметам дека вчерашниот настан негативно ја засени одличната организација на АМС, а особено ги засени добитниците и спортистот на годината Емил. Затоа и беше мојата реакција дека што и ние да чуствуваме и за што и да се залагаме лично и приватно не смее да ја засени спортската игра и спортските резултати и успеси и да направи раздор помеѓу спортистите. Криво ми е само што нашите ставови и реакции послужија за полнење на порталите наместо тоа место и приоритет да им припадне на Спортските добитници кој што целата година работат и се мачат за таа привилегија и успех, напиша Темелковски.