Connect with us

Ракомет

СЕХА има две празни места, Металург добива покана за настап ?

Украинскиот тим, Мотор Запорожје нема да настапува во СЕХА лигата откако владата на оваа  земја изврши силен притисок екипата да не настапува во регионалното натпреварување.

Македонија е  еден од основачите на СЕХА, има загарнтирани две места во регионалното натпреварување, сега по компликациите со Мотор Запорожје  можно е Металург да добие покана за настап.

Покрај Металург кој се обидува да создаде квалитетен тим, шампионот на Црна Гора, екипата на Ловќен се обидува да добие покана но само под услов да има тим  кој ќе ги исполни стандардите за настап во СЕХА.

Извор: Дриблинг